Амблем
Амблем
Official Web Presentation
 

 
 

З А П И С Н И К

Од 35 Собрание на библиотекарството Друштво на Македонија одржано на ден 22 - 23. 05. 2008 година во МУУБ  “Св Климент Охридски”-Битола и Хотелот “Молика”

Собранието првиот ден работеше по следниот :

ДНЕВЕН  РЕД

  • Избирање на Работно претседателство
  • Поздравни обраќања
  •  Отворање на Собранието и усвојување на предлогот за дневен ред и програмата за работа од страна на претседателот на БДМ д-р Сузана Котовчевска,
  • Обраќање на г-дин Миле Бошески за новиот Закон за библиотеките

и расправа по однос на неговото обраќање.

1. По првата точка од дневниот ред збор зеде  секретарот  Кирил  кој  ги поздрави присутните  и даде предлог за работно претседателство во чиј состав покрај претседателот на БДМ, д-р Сузана Котовчевска и секретарот Кирил Наумов,  влегоа и Науме Ѓеорѓиески, директор на МУУБ  “Св Климент Охридски”-Битола,  и м-р Наде Караџоска, член на ИО на БДМ.

2. По втората точка од дневниот ред Собранието го поздрави и на присутните им посакаа добредојде и пријатен престој во Градот на културата -Битола, градоначалникот на Општина Битола- г-дин Владимир Талески,     г-га Анета Стефаноска, пратеничка во Собранието на Р.Македонија  и  директорот на МУУБ  “Св Климент Охридски”-Битола, г-дин  Науме Ѓеорѓиески.

3. По третата точка од дневниот ред,  усвојувањето на прелогот за дневниот ред и Програмата за работа  збор зеде претседателот на БДМ-д-р Сузана Котовчевска.  Таа ги поздрави присутните членови на Собранието како и почесните гости- градоначалникот на општина Битола, г-дин Владимир талески, пратеничката во Собранието на Р. Македонија Анета Стефаноска, професорот Вера Стојческа -Антиќ и им посака успешна работа на членовите на БДМ. Во оваа прилика таа искажа и посебна благодарност до домаќинот на Собранието, г-дин Науме Ѓеорѓиески за успешната организација на Собранието и топлото гостопримство.

  • По четвртата точка од дневниот ред на присутните им се обрати г-дин Миле Бошески кој имаше обраќање за новиот Закон за библиотеки.

На почетокот г-дин Бошески потенцира неколку значајни сегменти по однос на измени и дополнувања во врска со Законот за библиотеки.

  • Тој зборуваше за недостатоците кои треба да се корегираат во Законот по однос на актуелните проблеми во библиотеките и тоа од сите видови на библиотеки затоа што  во досегашниот закон се опфатени само народните библиотеки. Да се  дадат предлози од сите вработени колеги во библиотеките во врска со актуелните проблеми. Да се формира комисија која ќе ги разгледа овие предлози и сугестии, а библиотеките имаат и лоби група во Министерството за Култура, која ќе помогне да се решат овие предлози и измени во законот за Култура.

            Во 2004 год.-рече Бошески, кога се подготвуваше Предлог Законот за библиотечна дејност се покрена прашањето околу правната регулатива. Даден беше и предлог  за истиот да се применува. Тогаш имаше една инстанца помеѓу институциите и Законодавецот-Министерството за Култура. Комисијата продолжи да работи, но уште тогаш постоеја неколку нејасни моменти како на пр. формулацијата-Закон за јавни библиотеки, додека другите видови на библиотеки не беа спомнати, (училишни, специјални и др.) а за кои би требало да се расправа и да се утврди нивната дејност.
Друго прашање е околу стручните и научните звања. По ова прашање Законот има многу нелогичности и недоречености. Според Бошески во Законот посебно акцент да се стави и да се даде поддршка на научните звања.Имено, во досегашниот Закон за библиотеки, стручните звања виш библиотекар и советник се поистоветуваа со научните титули магистер и доктор, особено во висината на материјалниот надомест.Ова решение е неправично и дестимулативно за сите наши колеги кои се носители на вакви научни звања.Бошески рече дека треба да се искористи лоби групата во Министерството за Култура, односно пратеничката Анета Стефаноска која многу придонесе  и помага на нашата дејност односно да се заложат за донесување на законско решение кое ќе прави квалитативна разлика помегу овие две категории.

            По паузата од 10 минути по оваа точка имаше расправа. За дискусија се јави Перо Трајанов-директор на библиотеката во Радовиш. Тој ја поздрави темата и рече дека библиотеките имаат проблеми. Некои работи во Законот за библиотеките не се доволно прецизирани и нема усогласеност по определени прашања. Така на пр.за библиотеките кои се во надлежност на локалната самоуправа изборот на директор го вршат градоначалниците што не е во ред, затоа што има ситуации кога градоначалникот избира луѓе кои не се вработени, односно луѓе однадвор, кои не ја познават доволно работата во библиотеката. Затоа во овој сегмент, според Законот за јавни установи треба да се прецизираат овие точки и библиотеките да се вклопат во овој Закон.
За дискусија се јави и г-га Јулија Темелкова од Градската Библиотека “Браќа Миладиновци” која го постави прашањето околу задолжителниот примерок. Таа рече дека библиотеката “Браќа Миладиновци” е голема библиотека која ги задоволува потребите на многу корисници во градот и околните места и според тоа од секое издание - издавачот треба да одделува по еден примерок во библиотеката.
Миле Бошески по ова прашање даде образложение и рече дека тој став треба да важи за сите народни библиотеки.
За дискусија се јави и г-ѓа Трајанка Маркоска која праша дали овие примероци треба да ги плаќа министерството или локалната самоуправа. Исто така е важно каде е печаторот и на која територија делува.
За дискусија се јави и Наде Ѓеорѓиева  која ја поздрави оваа идеја, но се задржа на статусот  на специјализираните библиотеки кои во новиот закон не се опфатени.
Јелена Петровска од МУУБ “Св Климент Охридски”-Битола, рече дека во законот има и други спорни прашања и предложи во списанието Библиотекар да се отвори една страница која ќе биде насловена како Форум на  библиотеките и библиотекарите да даваат свои предлози по одредени прашања. Таа посебно го потенцира прашањето оклу евалуацијата на библиотечните служби и услуги, за кое кај нас не се води сметка, додека во земјите на запад тоа редовно се применува. Та предлоижи по сите предлози за измени на Законот за библиотеки да се донесат подзаконски акти за одредени прашања како за звањата, за задолжителниот примерок и слично.
Секретрот на БДМ-Кире образложи дека предлози во однос на овие прашања до Друштвото имаат доставено само неколку библиотеки и тоа од Прилеп, Струмица и Кочани и тие предлози беа доставени до министерството за Култура.
Миле Бошески потенцира дека Министерството за Култура има формирано комисија од компетентни и стручни лица кои ги разгледуваат овие прашања.
Ленче Андоноска од МУУБ “Св Климент Охридски”-Битола,се надоврза по ова прашање и рече дека Министерството за Култура е тоа што ги финансира звањата и нормално е тоа да формира комисија по однос на звањата.
Миле Бошески од НУУБ Св.Климент Охридски-Скопје,  рече дека сите предлози треба да се достават до Министерството и да се формира работна група која ќе ги образложи овие предлози.
Перо Трајанов рече дека тие предлози нема да бидат прифатени но секако дека треба да се направи обид и да се информира  лоби групата за поддршка во Министерството.
Понатаму за збор се јави и Златко Бошески од Демир Хисар. Тој зборуваше околу прашањето за изучување на предметот Библиотекарство. Тој предложи истиот да се изучува уште во средно образование па се до високообразовните институции, односно да се отвори катедра по Библиотекарство каде ќе се едуцираат кадри за потребите на библиотеките, затоа што со овој проблем библиотеките се соочуваат од поодамна.
Миле Бошески одговори дека тоа е комплексно прашање и дека овој проблем беше пролонгиран од причина што досега немаше оформено кадар, но во последните години формиран е кадар, а исто така направена е програма за студиите во рамките на Филозофскиот факултет,група- историја, но сеуште одобрение за отворање на катедрата нема. Од присутните беше поздравена оваа иницијатива и беше побарано лоби групата да помогне во изнаоѓање на заедничко решение со обраќање до високошколските институции.
Оваа дискусија ја поддржа и секретарот на БДМ- Кирил кој рече дека ние треба да се наметнеме како професија во јавноста, а за тоа се потребни многу средства.
Миле Бошески го поттикна прашањето околу финансирањето на јавните библиотеки и даночната политика. Тој рече дека во одредени општини кои се познати  по производство на некои производи да се намали данокот, а со тоа да се помогнат библиотеките.Тој рече колку повеќе се троши производот толку повеќе се подобрува и финансиската ситуација во библиотеките. Шамбеска Магдица тоа го поткрепи со еден пример во Хрватска, кога одредена фирма ќе донира за библиотеката, данокот е помал.
Секретарот на БДМ Кире рече дека библиотеката треба да има уште една улога во описменувањето на населението, и затоа пожелно е да се вклучи Министерството за образование.
Миле Бошески образложи дека по оваа прашање е направен обид но не вродил со плод.
Со ова дискусијата работата на првиот ден на Собранието беше завршена.

Втор ден (23.05.2008 година) - Хотел “Молика”

Вториот дел од собранието започна на 23 Мај во 10 часот во хотел „Молика“.
На самиот почеток претседателот на БДМ д-р. Сузана Котовчевска ги поздрави присутните гости а потоа зборуваше за постигнатите резултати во мандантниот период.
Во своето излагање д-р. Сузана Котовчевска кажа дека генерално успеале да ги реализираат најзначајните и суштествени планирани програмски активности, задачи и цели.
Исто така беше потенцирано дека БДМ активно се вклучило во севкупната расправа потикната од реакциите на нашите кадри за слабостите, недостатоците на новиот Закон за библиотеки донесен 2004 година. Беше нагласено дека за таа цел, ИО на БДМ донесол одлука да го актуелизира прашањето за измени и дополнувања на Законот за библиотеки, односно разгледување на можноста за донесување на нов, современ закон за Библиотеките.
Понатаму во своето излагање претседателот зборуваше за успешно реализираните традиционални државни натпревари на млади библиотекари. Потоа се надоврза за издавачката дејност и рече дека биле постигнати значителни резултати, поточно дека биле издадени два броја на списанието „ Библиотекарство“ и прирачник наменет за натпревар на млади библиоекари како ново дополнето издание, подготвено од г-дин. Миле Бошески, советник библиотекар и директор на НУБ „ Св, Климент Охридски“ Скопје.
Претседателот на БДМ д-р. Сузана Котовчевска во своето понатамошно излагање ги информираше присутните дека во функција на унапредување на процесот на едукација на библиотечниот кадар се превземени поконкретни чекори. Поточно, дека во соработка со надлежните тела на Собранието на градот Скопје, беше иницирана потрбата за превземање на заедничка иницијатива и конкретни предлози за превземање на конкретни чекори на овај план во соработка со високообразовните институции на универзитетот во Р. Македонија.

Претседателот на БДМ своето излагање го заврши со детален финансиски извештај за работата на БДМ во периодот ( јуни 2006-мај2008 )

  • Извештајот беше едногласно усвоен.

 

  • Доставување предлози и гласање за нов Извршен одбор на БДМ од учесниците, преддлози за нова Комисија за доделување на наградата “Климентова повелба 2010” и за надзорен одбор на БДМ.

Од библиотеката домаќин беа предложени досегашните членови на ИО односно претседателот  д-р Сузана Котовчвеска и секретарот Кирил Ангелов  додека од библиотеката од Битола беше предложен Николче Велјаноски, имаше предлог и за Благој Николов, но директорот Науме Ѓеорѓиески рече дека библиотеката во Битола го поддржува и ќе гласа за Николче Велјаноски.
Други членови кои беа предложени и изгласани од Собранието за членови на Извршниот Одбор на БДМ се:

  • Елизабета Трпчевска-Петрушевска
  • Магдица Шамбевска-НУУБ-Скопје
  • Петар Трајанов-б-каРадовиш
  • Јелена Тевчева- б-ка. “Кочо Рацин”-Велес

За членови на Надзорен одбор беа избрани:

  • Јелисавета
  • Богомир Наумоски-Струга
  • Талеска Светлана-МУУБ св. “Климент Охридски”-Битола

За Комисија за Климентова награда за 2010 година беа избрани следните членови:

  • член: Зорица Јаковлеска Спироска НУУБ-Скопје
  • заменик : Љубица Богоеска
  • член:Наде Ѓеорѓиева-МАНУ
  • заменик:Надица Нечковска-НУУБ-Скопје
  • член: Вера Анастасова
  • заменик;Вангелија Чавкова
  • член:Вилма Јованова,б-ка Штип
  • заменик: Благица Спиридонова-Штип
  • член: Цветанака Илеска-б-ка “Браќа Миладиновци” Скопје
  • заменик: Јадранка Мајсторова
  • Под точката разно беа дадени неколку предлози. Миле Бошески даде предлог за одржување на Балканијада на Млади библиотекари. Наде Ѓеорѓиева од МАНУ даде преддлог досегашниот натрпревар  да добие Интернационален карактер и да се вика Млади библиотекари на Југоисточна Европа.

Секретарот Кире даде предлог да се возобнови секцијата за специјализирани библиотеки за да можат тие да се активирааат.

  • Доделување на наградата “Климентова повелба 2008”. Оваа година Климентовата награда ја доби д-р Сузана Котовчевска.

 

 

 

Претседател на БДМ                                               Записникот го изработи:      
Д-р Сузана Котовческа                                            м-р Наде Караџоска
______________________                                         _________________                                                                                        

Прилеп, 31.05.2008 година

 

 

 

 


 
 
 
 
 
 
   
Web Administrator: igc