БИБЛИОТЕКАРСКО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN LIBRARY ASSOCIATION |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Official Web Presentation | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА
Проследувањето на ангажманот на Библиотекарсткото друштво на Македонија во одреден период едновремено е и временски преглед на реализацијата на целите заради кои е основанао. Исто така, и негова промоција како и промоција на дејноста во чии рамки дејствува. Оттука, разгледувањето и усвојувањето на секој, па и на овој Извештај, е прилика да се преиспитаат како активностите така и целите на Друштвото. Во функција на прегледност, Извештајот прави групирања на обавените дејности по нивната природа за сметка на хронолошката последователност. 1. Организациски и финансиски прашања Конституирањето на нов Извршен одбор и изборот на Претседател на БДМ значат отпочнување долга процедура на измени на судската регистрација на промената на потписниците, но и на банкарската (за внатрешен и надворешен промет). Покрај Претседателот, избран е и нов состав на Издавачкиот совет од 9 членови, согласно Статутот на БДМ, и Редакција на списанието "Библиотекарство". Во делот за обезбедување финансиска поддршка на БДМ, во текот на извештајниот период направени се вкупно 18 проекти (по 9 за 2005 и 2006 год.), сите упатени до Министерството за култура. Тоа значи дека, по оценка на БДМ, дејностите во нив се од национален карактер. Притоа, некои со континуирано одвивање, а некои и сосема нови. За реализација во 2005 год. поднесени се проектите: - Соработка и членување во меѓународни и национални асоцијации: ИФЛА и др. (традиционален), За реализација во 2006 год. поднесени се проектите: - Соработка и членување во меѓународни и национални асоцијации: ИФЛА и др. (традиционален), Од вкупно 18 проекти, 11 се нови што говори за манифестиран напор на БДМ во овој мандат за иновирање на дејностите и одразување на реалните околности во кои егзистираат библиотеките во РМ. И покрај тоа, Министерството за култура покажа интерес за по 3 проекти и во двете години или 33% во однос на бројот на прифатени проекти (два од тие три се традиционални – членувањето во ИФЛА и издавањето на "Библиотекарство"). Од вкупно бараните средства во 2005 год. се одобрени 40%, а во 2006 год. само 11%. Во овој мандатен период направени се 3 меѓународни плаќања (зачленување и учество на ИФЛА), подготвени се две завршни сметки, редовно се правени извештаи за реализацијата на проектите, ажурно евидентирање на документацијата. Извршниот одбор има организирано 8 седници, Издавачкиот совет - 2, а одржани се и 2 собранија. Без намера од оправдување, а уште помалку обвинување, во овој дел мора да се истакне проблемот на рзлична просторна лоцираност на секретарот и претседателот кој продуцира отежнувачки последици на сметка на претседателот. 2. Издавачка дејност Издавачката е една од најважните дејности на БДМ, особено што, првенствено, се манифестира низ единственото стручно списание во државата "Библиотекарство". Освен едукативна, тоа има и улога на документирање на настаните и развојот на библиотекарството кај нас. На предлог на Издавачкиот совет, Извршниот одбор утвреди Основи на издавачката политика на БДМ како долгорочен документ со кој се проектираат правците на нејзиниот развој. Значајно придвижување напред во овој домен од активностите на БДМ е тоа што овој Извршен одбор, уште на почетокот на својот мандат, одлучи да ја зголеми фрекфентноста на списанието од еден двоброј на два броја годишно. Иако со задоцнување, во овој мандат излегоа од печат 4 броја на "Библиотекарство" (2004/2005 год.), а првиот за 2006 год. ќе излезе во второто полугодие од годинава. Освен тоа, списанието е видоизменето по содржина (со воведување флексибилност во рубриките; застапување на странски автори, пред се теоретичари, подготвени за соработка во него; напори за објавување на некој од светските јазици на статии од македонски автори), по формат (препорачан за научни списанија) и дизајн (нова корица, печатење во столбови). Издавачката дејност во извештајниов период забележа и издавање на 15 ЦД за јавните (народни) библиотеки во рамките на Проектот за менаџирање во нив осмислен и со подготвителни работи отпочнат од претходниот состав на Извршниот одбор. Поддржан од Министерството за култура во делот за библиотечна дејност, неговата реализација одеше со проблеми заради делумната модификација во извавачки проект трасирана со преземени почетни активности како и недорасчистени прашања во процесот на програмирањето. Кон издавачката дејност припаѓа и објавувањето самостоен web на БДМ за што повеќе ќе стане збор во делот за промоција на Друштвото. 3. Меѓународна соработка Димензионирана од ограничените финансиски средства на БДМ (проблем карактеристичен за вкупноста на неговото дејствување), меѓународната соработка во извештајниот период се манифестираше низ членувањето во ИФЛА кон што припаѓа и добивањето на нејзиното гласило "IFLA Journal" и писмена или е-комуникација со нејзините тела, најчесто, како одговор на поставени барања или прашања (одговор на анкети, искажување различни мислења, писмени гласања, доставување податоци за разни директориуми и сл.). Во овој мандатен период на Извршниот одбор реализирано е и едно учество (Претседателот Зорка Чекичевска) на 71. конференција на ИФЛА, Осло, 14-18. август 2005 год. како и едно учество (Јелена Петровска, член на Извршниот одбор), на 34. собрание на Хрватското библиотекарско друштво, Шибеник, 22-25. септември 2004 год. Ваквите активности како непосреден извор на сознанија и контакти треба да се негуваат многу повеќе. 4. Нормирање на дејноста Од исклучително нагорно значење за улогата и идниот статус на БДМ во рамките на библиотечната дејност во РМ е неговиот ангажман во овој извештаен период на два проекти за стручно нормирање на дејноста. Едниот со значење за РМ, во форма на правни акти, а другиот со универзално, а предаден на НУБ "Св. Климент Охридски" Скопје како завршен. Имено, Министерството за култура прифати проект на БДМ за подготовка на подзаконските акти по Законот за библиотеки ("Службен весник на РМ" бр. 66/2004). Како единствен соработник на Министерството од РМ, Друштвото подготви текстови на следните акти: - Правилник за определување редок библиотечен материјал, Министерството одлично ја оцени оваа соработка, иако до поднесувањето на овој Извештај, актите сеуште не се донесени од страна на министерот за култура. Другата активност од овој домен се однесува на подготовката на предлог за потподелба на УДК помошниот број за место за Република Македонија (497.7) утврден како единствен од страна на Меѓународната федерација за документација (ФИД) по осамостојувањето на Македонија. Предлогот го изработија Јелена Фиданоска, виш библиотекар и м-р по географија Димитри Димитров, виш библиотекар (двајцата од НУБ "Св. Климент Охридски" Скопје). Како предлог, материјалот е доставен до УДК Консорциумот во Хаг од страна на НУБ, нејзин втор обид за проширување на тој УДК број. (Информацијата до поднесувањето на Извештајов, е дека предлогот е прифатен). 5. Промоција на БДМ Освен со "Библиотекарство" и со сите добро завршени работи, промоција на БДМ и на дејноста на која тоа припаѓа, се вршеше преку: - Изработка и ставање во Интернет мрежата на Web страница на БДМ со самостојна адреса. Покрај новите содржини, рубрики и подрубрики, нов дизајн (позајмен од корицата на списанието), тоа подразбира и нова адреса со целосен и точен поддомен или http://www.bdm.org.mk (досега беше линк на web страницата на НУБ со поддомен edu). Се очекува тоа да прерасне во место на најразлични авторизирани текстови, многу е-контакти, анкети и сл. Во текот на двегодишниот мандат, со Претседателот и со членови на Извршниот одбор беа направени неколку интервјуа за електронските и пишаните медиуми, национални и локални, на тема за состојбите во дејноста. 6. Едукација на членовите Едукацијата на библиотечниот кадар е активност од базично значење за библиотекарството во РМ, особено заради непостоењето на институционализирана форма на образование ниту некоја друга со завиден степен на задолжителност и ефективност. Во таа насока, од непроценливо значење се содржините во "Библиотекарство", на домашни или странски автори или документи со меѓународна примена. Во текот на извештајниов период февруари 2005 год.) , а како препорака од Изборното собрание на БДМ од 2004 год., беше организирана една средба со директори на јавните (народни) библиотеки од РМ чија цел беше појаснување на постулатите на европскиот проект ПУЛМАН посветен на омрежувањето на јавните локални библиотеки на континентално ниво и на развојот на нивните активности. Ваквата средба беше иницирана заради значителни кадровски промени на првите луѓе на тие библиотеки. Се очекува ангажиарње на посочените видови проекти од страна на менаџментот на овие библиотеки. Кон крајот на 2004 год. беше реаклизиран семинар за директорите на 15 јавни (локални) библиотеки во рамките на Проектот "Менаџментот и неговата примена во работата на народните (јавни) библиотеки" (прв дел) на кој поуки на оваа тема говореа професори од високообразовни институции од државата. За жал, Друштвото немаше средства за реализација на вториот дел на овој проект наменет за втората половина јавни локлани библиотеки. Во овој домен активности, а со цел за профилирање на идните ангажамани на БДМ, би ја сместиле и спроведената анкета меѓу директорите на јавните локални библиотеки за најголемите потешкотии и проблеми со кои се среќаваат во текот на нивното работење. Резултатите говорат дека тоа е необезбедениот (недоволен) пристап до Интернет, потребата од обука и недостатокот на средства. * * * И покрај релативно "добрата" старост на овој субјект на граѓанската и стручна јавност во Република Македонија, а водејќи се од степенот и видот на ангажираноста на неговите членови, се чини како сеуште да не е лоциран, барем, задоволителен интерес и смисла од неговото функционирање. Тоа сеуште се поима како организација која треба некаде нешто да влијае или појасни (за добивање средства, погодности и сл.) или нејзините раководни структури да завршат некоја работа која, во принцип, е надлежност на директорите (на јавните локални библиотеки). Кога станува збор за водењето активности, подготвеноста на членовите за такво нешто е незначителна. Со голема веројатност, причина за таквиот однос е законската нормираност на граѓанскиот (невладин) сектор кој, иако иновиран по осамостојувањето на Република Македонија, остана речиси идентичен како социјалистичкиот. На тој план, не е за запосатвување ниту инерцијата од долгогодишното опстојување на Друштвото која не дозволува да се направат поквалитетни промени. Оттука и отпор кон какви било промени. Но, се чини дека надеж за влијание на подобро, пројавена во извештајниов период на БДМ, ќе предизвика една објективна промена која, со сигурност, ќе го преиспита долгогодишниот вообичаен од на дејствување на БДМ и, што е уште поважно, на самата дејност. Станува збор за преминот на надлежноста во однос на сопственоста и финансирањето на јавните локални библиотеки од централната на локалната власт. Во такви околности, Друштвото ќе мора да се приспособува и менува, особено во методологијата на дејствување – предизвик повеќе за стимулирање нови активности и зголемување опфатноста на членството во нив. Значи, останува определбата за негов нагорен од, на што позитивно ќе влијаат и навестените законски промени како дел од процесот на хармонизирање на нашето со европското законодавство како и промените во финансирањето (профитност, донации, стимулирање на невладиниот сектот) – окрушување во кое се повеќе ќе се идентификува интересот на членовите за придонес во развојот БДМ и библиотекарството општо.
Куманово, 15.06.2006 год. Библиотекарско друштво на Македонија
![]() |
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Web Administrator: igc |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||