Амблем
Амблем
Official Web Presentation
 

 
 

Бр. 106/03.07.2006 год.

ЗАПИСНИК
од 33. редовно собрание
на Библиотекарското друштво на Македонија
Куманово, 15. јуни, 2006 год.

 

                      Врз основа на член 23, став 1, алинеја 2 од Статутот на Библиотекарското друштво на Македонија, а согласно одлуката на Извршниот одбор од 31.05.2006 год., 33. редовно собрание на БДМ беше свикано од Претседателот на БДМ.
                      Собранието се одржа во Центарот за култура "Трајко Прокопиев" во Куманово. Присуствуваа околу 100 членови, претставници на библиотеките од РМ.
                     
                      Собранието работеше по следната програма:

                      10:30 ч.   Отворање на Собранието и поздравни обраќања;
                      10:50 ч.   Избор на работно Претседателство;
                      11:00 ч.   Принципи на функционирање за единствениот библиотечно-
                                                информациски систем (излагање на Зорка Чекичевска);
                      11:15 ч.   Основи на Предлог националната стратегија на развој на
                                                библиотекарството во Република Мкаедонија (излагање на Јелена
                                                Петровска);
                      11:30 ч.   Дискусија по двете излагања;
                      11:45 ч.   Врачување на Плакета и повелба на добитниците на Наградата
                                                "Климентова повелба" 2006 год.;
                      12:00ч.    Презентација на Web страницата на БДМ.
                     
                      12:20-12:50 ч.  Пауза 

                      13:00 ч.   Извештај за работата на БДМ во мандатниот период мај 2004-мај
                                                2006 год. (подносител: Зорка Чекичевска);
                      13:15 ч.   Финансиски показатели за работењето на БДМ во во мандатниот
                                                период мај 2004-мај 2006 год. (подносител: Зорка Чекичевска);
                      13:30 ч.   Дискусија
                      13:45 ч.   Избор на членови на Извршниот одбор и членови и заменици на
                                                Комисијата да доделување на Наградата "Климентова повелба".

 

                      По прогласувањето на Собранието за отворено, Претседателот Зорка Чекичевска ги поздрави присутните, а посебно Градоначалникот на Општина Куманово, претставникот на УНДП (Проект "Приајтелски библиотеки за сите") и домаќинот на Собранието Народната библиотека "Тане Георгиевски" Куманово. Заблагодарувајќи им се на домаќините таа изрази уверување во успешната работа на Собранието.
                      Следеше обраќање до Собранието од страна на директорката на Библиотеката од Куманово, па поздравниот говор на Градоначалникот кој го искажа задоволството од соодветноста на оваа активност на Друштвото со Програмата "Град на културата на РМ" која оваа година се одржува во Куманово.

                      Работниот дел на Собранието започна со избор на Работно претседателство: Зорка Чекичевска, наде Караџоска, Владимир Кочоски, Наде Ивановска и Снежана Голомеова.

                      Следна активност беше излагањето на Претседателот Чекичевска за принципите на функционирање за единствениот библиотечно-информациски систем на РМ.
Не запоставувајќи ги достигнувањата, таа ги допре основите на проектот за тој систем и неговото спроведување проблематизирајќи ги прашањата за: финансирање, софтвер, менаџирање, регионални подпроекти, односи со ИЗУМ, човечки ресурси, односи со Министерството за култура, законска нормираност и др. Притоа ја истакна својата оценка дека тој систем се развива доста бавно и недоволно ефективно со потешкотии од најразличен карактер и напомена дека цел на излагањето е да поттикне размислувања и дискусии во правец на подобрување на состојбите.

                      Јелена Петровска, член на Извршниот одбор, ги изложи основи на Предлог национална стратегија за развој на библиотекарството во РМ наведувајќи дека тоа е само обид во форма на насоки за дискусија и размислување без завлегување во нечии ингеренции за донесување на тој акт. Таа наведе дека денес библиотеките треба да бидат културно-информативни центри во кои граѓаните ќе можат да добиваат информации од најразличен вид. Во тој правец особено е корисна соработката и со невладиниот сектор.

                      После овие две излагања следеше дискусија во која зедоа учество повеќе членови: Благој Николов од Битола (дискусијата за системот е враќање назад, КОБИСС е прифатлив за библиотеките), Жаклина Ѓалеска (без особена потреба го изложи  значењето на лиценца за внес во КОБИСС иако темата беше полотика и суштина на системот), Кирил Ангелов од Државниот завод за стстистика (потреба од формирање база на корисници на КОБИСС.МК?), Снежана Голомеова (прифаќање на стратегија на поинтензивно користење маркетинг во работата со корисниците и финансиерите), Магдица Шамбеска (во формулирањето национална стратегија да се вклучат повеќето библиотеки и Министерството за култура). Претставникот од УНДП Весна Стојановска го искажа своето согледување од работата на Проектот "Пријателски библиотеки за сите" дека јавните библиотеки немаат доволно технолошки и кадровски капацитет за вклучување во КОБИСС.

                      Потоа, Претседателот информираше за текот на постапката на доделувањето наградата "Климентова повелба" 2006 год.: од двете пријави (една за Зорка Чекичевска и Јелена Фиданоска од НУБ "Св. Климент Охридски" Скопје и втора за Благој Николов  од НУУБ "Св. Климент Охридски" Битола) и Комисијата за доделување наградата и Извршниот одбор едногласно донеле одлуката наградата да им се додели на Чекичевска и Фиданоска како единствен добитник за делото "Предметен опис и предметен каталог", издание на НУБ.
На присутниот добитник на Наградата, Зорка Чекичевска и беше врачена Светиклиментова плакета од страна на Наде Караџоска, секретар на БДМ.

                      Зорка Чекичевска, автор на текстовите, го презентираше новиот Веб на Друштвото со самостоен домен: www.bdm.org.mk, а не линк на веб страницата на НУБ. Таа особено го нагласи користењето на содржините на списанието "Библиотекарство" во pdf формат.

                      Потоа, на Собранието му беше поднесен Извештај за работата за периодот мај 2004 год. – јуни 2006 год. како и Финансиски извештај за истиот период.
                      Во Извештајот веа нагласени активностите: подготовка на текстови на подзаконски акти по Законот за биоблиотеките (проект за Министерството за култура), отпочнување со издавање два броја годишно (не двоброј) на списанието "Библиотекарство"како и негово редизајнирање со формат за научни списанија, подготовка на самостојна Веб старница на БДМ, учество на Конференцијата на ИФЛА 2005 г. во Осло, учество на Собрание на Хрватското библиотекарско друштво, организирање семинар за директорите во рамките на проектот "Менаџмент во народните библиотеки во РМ" и издавање 16 ЦД за нив, организирање два натпревари "Млади библиотекари" во Битола и Крушево, спроведена анкета на директорите на јавните библиотеки за нивните потешкотии во развојот на тие институции и др., одржани 8 седници на Извршниот одбор и една расправа со претставници на народните библиотеки (ПУЛМАН) и др.
                      Кон овој следеше и финансиски извештај при што Претседателот Чекичевска  нагласи дека финансиското работење се води согласно соодветните прописи од страна на професионална организација, а во моментот на жиро-сметката на БДМ има нешто над 100.000 ден. (И двата извештаи во целост ќе бидат објавени на веб-от на БДМ.) Извештаите беа прифатени без забелешки.

                      На крајот, Собранието избра членови на новиот Извршен одбор со мандат јуни 2006 год. – јуни 2008 год., и тоа:

  1. м-р Наде Караџоска, Градска библиотека "Борка Талески", Прилеп;
  2. м-р Сузана Котовчевска, Градска библиотека "Браќа Миладиновци", Скопје;
  3. Марија Сејменова-Гичевска, НУБ "Св. Климент Охридски", Скопје;
  4. Благица Спиридонова, НУ Библиотека "Гоце Делчев", Штип;
  5. Кирил Ангелов, Библиотека при Државниот завод за статистика;
  6. Ружа Софрониевска, Библиотека  при НУ Центар за култура "Кочо Рацин", Кичево;
  7. Владимир Кочоски, НУ Библиотека "Кочо Рацин", Тетово.

 

                      Избрани беа и членови и заменици на Комисијата за доделување на Наградата "Климентова повелба" 2008 год., и тоа:

а) Членови:
1. Магдица Шамбеска, НУБ "Св. Климент Охридски", Скопје;
2. Јелена Петровска, НУУБ "Св. Климент Охридски", Битола;
3. Благица Илијоска, Градска библиотека "Борка Талески", Прилеп;
4. Цветанка Тошеска, Градска библиотека "Браќа Миладиновци", Скопје;
5. Данута Ананиева, Народна библиотека "Искра", Кочани.

б) Заменици:
1. Наде Иванова, Градска библиотека "Тане Георгиевска", Куманово;
2. Лена Секуловска, НУУБ "Св. Климент Охридски", Битола;
3. Вера Анастасова, Народна библиотека "Искра", Кочани;
4. Ристо Стојанов, Народна библиотека "Страшо Пинџур", Неготино.

                      Собранието донесе и два заклучока:

                      - да се упати допис до Министерството за култура со барање за одразување на библиотечните звања во формирањето масата на средства за плати;
                      - да се посредува во Синдикатот на образованието, науката и културата за усогласување на коефициентите за плати на библиотекарите во училишните библиотеки.

 

                                                                                                                             Библиотекарско друштво на Македонија

                                                                                                                                   Зорка Чекичевска, претседател, с.р.

 

други новости...

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
   
Web Administrator: igc