Амблем
Амблем
Official Web Presentation
 

 
 

Доделена Наградата "Климентова повелба" 2006 год.

                     Како на единствен добитник, Наградата "Климентова повелба" 2006 год. им е доделена на Зорка Чекичевска и Јелена Фиданоска за делото "Предметен опис и предметен каталог", НУБ "Св. Климент Охридски", Скопје, 2003, 251 стр.

Бр. 86/31.05.2006 год.

                     Врз основа на член 19, став 1, алинеја 17 од Статутот на БДМ и член 8, став 2 од Правилникот за доделување на Наградата "Климентова повелба", Извршниот одбор на БДМ на седницата од 31.05.2006 год. донесе

 

О Д Л У К А
за доделување на Наградата "Климентова повелба" 2006 год. на

ЗОРКА ЧЕКИЧЕВСКА, виш библиотекар (НУБ "Св. Климент
Охридски", Скопје и ЈЕЛЕНА ФИДАНОСКА, виш библиотекар (НУБ
"Св. Климент Охридски", Скопје,
како ЕДИНСТВЕН ДОБИТНИК на наградата.

О б р а з л о ж е н и е

                     На конкурсот за Наградата беа пристигнати две пријави: една за Зорка Чекичевска и Јелена Фиданоска, виши  библиотекари (НУБ "Св. Климент Охридски", Битола) и, втора, за Благој Николов, библиотекар советник (НУУБ  "Св. Климент Охридски", Битола).
                     Постапувајќи по актите од преамбулата на оваа Одлука, Извршниот одбор ги разгледа записникот од Комисијата за доделување на Наградата "Климентова повелба" со едногласно утврден предлог Наградата да им се додели на Зорка Чекичевска и Јелена Фиданоска, но  и двете пријави со прилозите.
                     Ценејќи ги искажаните мислења и податоци од сите документи по конкурсот, Извршниот одбор го прифати предлогот на Комисијата и одлучи Наградата "Климентова повелба" 2006 год. да им ја додели на именуваните за нивниот исклучителен придонес во развојот на библиотекарството во Република Македонија. Првенствено, за нивното дело "Предметен опис и предметен каталог" (НУБ "Св. Климент Охридски", Скопје, 2003, 251 стр.) заради неговото значење за востановувањето македонски правила за предметизација како систем за содржинската обработка на библиотечни единици, за едукација на библиотекари и афирмација на библиотекарство на РМ.
                     Согласно член 18 од Правилникот за доделување на Наградата "Климентова повелба", во работата на Извршниот одбор по ова прашање не учествуваше Претседателот Зорка Чекичевска.

Правна поука:

                     По оваа Одлука може да се поднесе приговор до Извршниот одбор заради материјални или формални повреди на односниот Правилник во рок од 8 дена од нејзиното доставување.

Библиотекарско друштво на Македонија
Извршен одбор,
Верица Петровска, член, с.р.

други новости...


 

 
 
 
 
 
   
Web Administrator: igc