Натпреварот "Млади библиотекари" е востановен во 2000 год. како годишен. Негова цел е да ги промовира читањето и книгата и да влијае на негувањето навика кај најмладата популација за користење библиотека. Но, и самата библиотека како и професијата библиотекар. Натпреварот се организира на две нивоа: општинско и републичко (државно). Право на учество имаат учениците до 14-год. возраст како членови на училишните и јавните локални библиотеки.
Начинот и критериумите на одржување на натпреварот се регулирани со Правилник..
На 26.10.2007 година во просториите на Народната библиотека „Феткин“ - Кавадарци се одржа осмиот републички натпревар на членовите на секциите и клубовите Млади библиотекари при народните библиотеки на Република Македонија
На 21.11.2005 год. во просториите на Хотелот "Монтана", а во организација на домаќинот – Домот на културата "Наум Наумовски - Борче", Библиотека од Крушево, се одржа 6. републички натпревар на членовите на секциите и клубовите "Млади библиотекари" при јавните библиотеки на Република Македонија...