БИБЛИОТЕКАРСКО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN LIBRARY ASSOCIATION |
|||||||||||||||||||||||||||||
| Official Web Presentation | |||||||||||||||||||||||||||||
|
З А П И С Н И К Библиотекарско друштво на Македонија На 21.11.2005 год. во просториите на Хотелот "Монтана", а во организација на домаќинот – Домот на културата "Наум Наумовски - Борче", Библиотека од Крушево, се одржа 6. републички натпревар на членовите на секциите и клубовите "Млади библиотекари" при јавните библиотеки на Република Македонија. На натпреварот учествуваа 28 натпреварувачи, победници на општинските натпревари "Млади библиотекари" организирани од јавните библиотеки во текот на месец октомври 2005 год. За регуларноста на Натпреварот се грижеше Комисијата во состав:
Натпреварот беше анонимен. Секој натпреварувач, пред почетокот на Натпреварот, на посебен образец ги впиша своите генералии и шифрата под која се натпреварува. Потоа, натпреварувачи ги ставија обрасците во пликови и ги залепија пликовите. Последниве беа отворени откако беа прегледани прашалниците и беше утврден редоследот на победниците на Натпреварот. Според покажаните резултати, Комисијата констатира дека: Првото место го освои Димиртова Душица, ОУ "Тоде Хаџи-Тефов", Кавадарци (Народна библиотека "Феткин", Кавадарци( Второто место го освои Антевска Александра, ОУ "Јан Амос Коменски", Скопје (Градска библиотека "Браќа Миладиновци", Скопје) Третото место го освои Кочовска Кристина, ОУ "Владо Тасевски", Скопје (Градска библиотека "Браќа Миладиновци", Скопје) Како посебно успешни, Комисијата ги издвои прашалниците на тројца учесници означувајќи ги за добитници на специјална награда, и тоа:
Комисија за спроведување на натпреварот: Цветанка Тошеска, претседател, с.р. 21.11.2005 год. Претседател на БДМ
|
|
|||||||||||||||||||||||||||
Web Administrator: igc |
|||||||||||||||||||||||||||||