Амблем
Амблем
Official Web Presentation
 

 
 

Правилник

                     Натпреварот "Млади библиотекари" е востановен во 2000 год. како годишен.
                     Негова цел е да ги промовира читањето и книгата и да влијае на негувањето навика кај најмладата популација за користење библиотека.  Но, и самата библиотека како и професијата библиотекар.
                     Натпреварот се организира на две нивоа: општинско и републичко (државно).
                     Право на учество имаат учениците до 14-год. возраст како членови на училишните и јавните локални библиотеки.
 

                     Начинот и критериумите на одржување на натпреварот се регулирани со Правилник.

                     Со цел за афирмација и популаризација на библиотечно-инфпрмациската дејност, Библиотекарското друштво на Македонија, согласно Статутот, востановува републички натпревар "Млади библиотекари".
 

П Р А В И Л Н И К
за организирање и спроведување на Републичкиот
натпревар "Млади библиотекари"

 

Член 1

                     Со овој Правилник се регулираат условите и постапката за организирање и спроведување на Републичкиот натпревар "Млади библиотекари".

Член 2

                     Републичкиот натпревар "Млади библиотекари" има за цел да го поттикнува читањето кај најмладата популација и да развива навики за користење библиотеки како културно-образовни и информативни институции.

Член 3

                     Натпреварот "Млади библиотекари" се организира секоја година врз основа на претходно донесена одлука на Извршниот одбор на БДМ.

Член 4

                     Со одлуката на ИО на БДМ се определува народната библиотека која ќе биде домаќин на натпреварот во односната година. Со одлуката поблиску се утврдуваат конкурсни услови и времето на одржување на натпреварот.

Член 5

                     Одлуката за определување народна библиотека-домаќин на натпреварот се доставува до соодветната библиотека најмалку два месеца пред одржувањето на Републичкиот натпревар.
                     Библиотеката домаќин се обврзува да обезбеди простории и други технички услови за одржување на натпреварот.

Член 6

                     За спроведување на натпреварот, ИО на БДМ формира Комисија од три члена.

Член 7

                     Комисијата за спроведување на натпреварот распишува конкурс кој го доставува до сите народни библиотеки. Народните библиотеки конкурсот го афирмираат на територијата на општината, а примерок од конкурсот доставуваат до сите основни училишта во општината. 

Член 8

                     Право на учество на конкурсот имаат членовите на народните библиотеки до 14 годишна возрадст и учениците од основните училишта-членови на училишните библиотеки.

Член 9

                     По добивањето на конкурсните услови, народните библиотеки организираат општински натпревари. Општинските натпревари ги спроведува тричлена комисија формирана од народната библиотека организатор на општинскиот натпревар.
                     Победниците на општинските натпревари учествуваат на Републичкиот натпревар  "Млади библиотекари".
                     За организирањето и спроведувањето на општинските натпревари, народните библиотеки се должни да го известат ИО на БДМ.

Член 10

                     Комисијата на ИО на БДМ за спроведување на Републичкиот натпревар, во конкурсот ги соопштува условите и начинот за негово спроведување.
Пријавите за учество се доставуваат до комисијата.

Член 11

                     Републичкиот натпревар се реализира преку писмени одговори на прашања подготвени од комисијата. Покрај секое прашање е наведен максимумот и минимумот бодови за дадениот одговор.
Листата на прашања се доставува до кандидатите на почетокот на натпреварот.
                     Претседателот на комисијата го објаснува начинот и постапката на пополнување на прашалникот.
                     Времето за писмено одговарање на прашањата не смее да биде подолго од еден час.

Член 12

                     Со цел да се обезбеди потполна анономност на натпреварувачите, секој кандидат се натпреварува под шифра која ја депонира во затворен плик до комисијата. Покрај шифрата тој ги наведува своето име и презиме и називот на библиотеката во која е член. Шифрата задолжително ја внесува на пополнетиот прашалник.
                     По истекот на предвиденото време за писмени одговори, Комисијата ги разгледува прашалниците, ги сумира резултатите односно бројот на освоените бодови и редоследот на кандидатите за освоено прво, второ и трето место.
                     Доколку се појават повеќе кандидати со ист број освоени бодови, комисијата на овие кандидати им поставува дополнителни прашања на кои усно одговорат. По добивањето на усните одговори, комисијата го утврдува конечниот редослед на кандидатите кои освоиле прво, второ и трето место.

Член 13

                     По утврдувањето на резултатите од натпреварот, тие веднаш се соопштуваат на учесниците.
За освоено прво, второ и трето место на кандидатите им се доделува диплома во која се назначува освоеното место. Освен диплома, се доделуваат и пригодни подароци од книги.
                     Резултатите од Републичкиот натпревар се објавуваат во стручното гласило на БДМ.

Член 14

                     Доколку некој од натпреварувачите не е задоволен од резултатите, има право на приговор. Приговорот во писмена форма се поднесува веднаш по соопштувањето на резултатите. Комисијата е должна да ги разгледа приговорите.
                     Заедно со натпреварувачот кој поднел приговор, Комисијата уште еднаш го разгледува бодирањето на неговите одговори и донесената одлука јавно ја соопштува. Оваа одлука на Комисијата е конечна.

Член 15

                     Комисијата за спроведување на Републичкиот натпревар "Млади библиотекари" подготвува записник и извештај за спроведениот натпревар. Истите ги доставува до ИО на БДМ.

Член 16

                     Финансиските трошоци за натпреварувачот ги обезбедува библиотеката која го застапува на натпреварот.
                     Финансиските трошоци за работата на Комисијата се на товар на БДМ.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 17

                     Постапката за исмени и дополнувања на Правилникот е иста како и за неговото донесување.

Член 18

                     Правилникот за организирање и спроведување на Републичкиот натпревар "Млади библиотекари" е донесен на осмата редовна седница на Извршниот одбор на БДМ, одржана на 5.10.2001 год.

                                                                                                                                                   Претседател на БДМ,
Миле Бошески

 

друго...


 

 
љ

 

љ

 

љ

 

љ

 

љ
 
љ
 
љ
 
љ
 
љ
 
љ
 
љ
 
љ
 
љ
 
љ
   
Web Administrator: igc