БИБЛИОТЕКАРСКО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN LIBRARY ASSOCIATION |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Official Web Presentation | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Правилник за доделување на наградата „Климентова повелбa"
Наградата "Климентова повелба" е востановена во 1999 год.
I Член 1 Со овој Правилник се регулираат условите и постапката за доделување на наградата "Климентова повелба" на Библиотекарското друштво на Македонија. Член 2 Наградата се доделува за постигнати особени резултати од пошироко значење за развојот и афирмацијата на библиотечната дејност во Републиката. Член 3 Наградата се состои од Повелба и вредносен износ. Висината на вредносниот дел на Наградата го утврдува Извршниот одбор на Друштвото. Член 4 Наградата се доделува на секои 2 години на редовно Годишно Собрание на Друштвото. Член 5 Постапката за доделување на наградата "Климентова повелба" ја спроведува посебна комисија составена од пет члена. Член 6 Мандатот на членовите на Комисијата е две (2) години. За член на Комисијата едно лице може да биде избрано најмногу двапати едноподруго. Член 7 Комисијата врз основа на овој Правилник распишува Конкурс во кој ги определува поблиските услови за учество на Конкурсот. Член 8 Комисијата врз основа на пристигнатите писмени предлози подготвува Предлог на можен кандидат за доделување на наградата "Климентова повелба". Предлогот во писмена форма со образложение го доставува до извршниот одбор (ИО) на Друштвото. Член 9 Доколку учесниците на Конкурсот не ги исполнуваат условите од овој Правилник, Комисијата може да одлучи да не ја додели наградата за односната година. Член 10 Одлуката на ИО за доделување на Наградата и Повелбата ги потпишува Претседателот на Извршниот одбор. II Член 11 Комисијата за доделување на Наградата врз основа на овој Правилник подготвува Конкурс со поблиски пропозиции за учество на заинтересираните кандидати. ИО ги утврдува конкурсните услови и ги објавува во библиотекарските информативни гласила; дневниот печат, а може да се користат и други соодветни форми за информирање. Член 12 Право на предлагање кандидати за наградата "Климентова повелба" имаат: библиотеките; Заедницата на народни библиотеки; членовите на БДМ и други сродни институции и организации. Член 13 За секој кандидат, учесник на Конкурсот покрај пријавата треба да се достави и: - 1. Кратка биографија;
Образложените предлози во затворен плик се доставуваат до Комисијата за доделување на наградата во утврден рок со конкурсните услови. Предлозите кои ќе пристигнат по истекот на предвидениот рок и некомплетните предлози нема да бидат разгледувани, и ќе им бидат вратени на кандидатите. Член 15 Работата на Комисијата е јавна. Заинтересираните кандидати имаат право на увид на сите документи кои се приложени на Конкурсот. Член 16 Учесниците на Конкурсот доколку имаат забелешки на работата на Комисијата и се незадоволни од нејзините одлуки, во писмена форма треба да достават Приговор до ИО на Друштвото. Приговорите се доставуваат во рок од осум (8) дена од доставувањето на Одлуката. III Член 17 Комисијата во полн состав ги разгледува пристигнатите пријави и изготвува Предлог. Предлогот за добитник на Наградата го доставува до ИО на Друштвото. ИО врз основа на Предлогот од Комисијата донесува Одлука за доделување на наградата. Член 18 Доколку член на Комисијата или ИО е кандидат и учесник на Конкурсот за наградата "Климентова повелба" во тој случај тој се иззема од работата на овие тела при нивното одлучување. На негово место ИО на БДМ кооптира нов член. Член 19 Одлуката на ИО за добитникот на Наградата се објавува во библиотекарските информативни гласила, дневниот печат и други информативни медиуми. Член 20 Наградата "Климентова повелба" ја врачува Претседателот на Друштвото на редовното годишно Собрание. Член 21 "Климентовата повелба" може да биде доделена и на почесни членови на Друштвото и други заслужни граѓани кои оствариле значаен придонес во афирмацијата на библиотечната дејност или на друг начин придонеле за нејзино општествено етаблирање. Член 22 Повелбата доделена според Член 21 од Правилникот не содржи вредносен дел. IV Член 23 Постапката за измени и дополнување на овој Правилник е иста како и при неговото донесување. Член 24 Правилник за доделување на наградата "Климентова повелба" е донесен на редовно Годишно Собрание на Библиотекарското друштво на Македонија, одржано во Скопје на 4 и 5 јуни 1998 година.
![]() |
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Web Administrator: igc |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||