БИБЛИОТЕКАРСКО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА
|
|||||||||||||||||||||||||||
|
Конкурс за доделување на Наградата Климентова повелба 2008 год. На 23.03.2010 г. во весникот "Вечер" е распишан конкурс за доделување на наградата "Климентова повелба 2010", која се доделува на секои две години на изборните собранија. Пријавувањето трае до 15.04. 2010 година. Согласно со Правилникот за доделување на наградата "Климентова повелба", Библиотекарското друштво на Македонија, односно Комисијата за доделување на наградата, распишува
К О Н К У Р С
Врз основа на Статутот на БДМ и Правилникот за доделување на наградата, ИО на БДМ, на предлог на Комисијата за доделување на наградата “Климентова повелба”, ги утврди следниве конкурсни услови за доделување на наградата “Климентова повелба” во 2010 година. Секој кандидат, учесник на Конкурсот, треба да достави:
Наградата се доделува на библиотекари од сите видови библиотеки во Република Македонија, како и на почесни членови на БДМ, за постигнати особени резултати од пошироко значење за развојот и афирмацијата на библиотечната дејност во Републиката. Пријавите со сите наведени документи треба да се достават во затворен плик до Комисијата за доделување на наградата, најдоцна до 15.04. 2010 година, на следнава адреса:
Библиотекарско друштво на Македонија
Пријавите што ќе пристигнат по определениот рок или се некомплетни нема да бидат разгледувани од Комисијата. ИО на БДМ
![]() |
|
|||||||||||||||||||||||||
Web Administrator: igc |
|||||||||||||||||||||||||||