Амблем
Амблем
Official Web Presentation
 

 
 

Записник од седницата на Комисијата за доделување на
Наградата "Климентова повелба" 2006 год.

одржана на 12.05.2006 год. во просториите на БДМ во НУБ "Св. Климент  Охридски", Скопје

                   На седницата присуствуваа членовите:

1. Лена Секуловска, НУ Универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Битола;                   2. Иванка Соколовска, Народна библиотека "Браќа Миладиновци", Радовиш                               3. Вера Анастасова, Народна библиотека "Искра", Кочани

 

                       

                   Заради спреченост да учествуваат во работата на Комисијата на членовите Тања Гошева (Струмица) и Злата Талаганова (Скопје), на седницата присуствуваа нивните заменици:

4. Глигур Дуровски, НУ Дом на културата "АСНОМ", Библиотека "Вук Караџиќ", Гостивар;        5. Владинир Кочовски, НУ Библиотека "Кочо Рацин", Тетово                          

 

 

                   Комисијата работеше по следниот

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

1. Избор ан Претседател на КомисијатаБиблиотека "Вук Караџиќ", Гостивар;                                2. Разгледување на пријавите по Конкурсот за доделување на Наградата и утврдување                 писмен предлог за можен кандидат за доделување на наградата "Климентова повелба" за     2006 год.                                                                                                                                                                3. Разно

 

 

 

Точка 1

                   За Претседател на Комисијата е избрана Лена Секуловска. За записничар беше избран Глигур Дуровски.

Точка 2

                   Комисијата констатира дека на Конкурсот за доделување на наградата „Климентова повелба" 2006 год. објавен во „Дневник" од 14.04.2006 год., во определиниот рок пристигнале две пријави:

                      а) од подносителите М-р Димитри Димитров, виш библиотекар и Верица Петровска, виш библиотекар беа предложени Зорка Чекичевска и Јелена Фиданоска како единствен кандидат (и двете вработени во НУБ "Св. Климент Охридски", Скопје);

                      б) на предлог на членовите на БДМ Георгиев Науме (виш библиотекар), Андоновска Ленче (виш библиотекар), Анастасија Милевска (виш библиотекар), Пешевска Гордана (систем инџенер), Талеска Светлана (библиотекар), Стојановски Илче (библиотекар) кандидат за наградата е Благој Николов, библиотекар советник од НУУБ "Св. Климент Охридски", Битола.

                     Откако Комисијата констатира дека пристигнатите пријави се комплетни, пристапи кон нивно разгледување.

                     Врз основа на понуденото во документите, Комисијата едногласно утврди предлог за добитници на Наградата "Климентова повелба" 2006 год. на Извршниот одбор да му ги предложи кандидатите Зорка Чекичевска и Јелена Фиданоска како единствен добитник на наградата.

Записничар,   
Претседател на Комисијата,
Глигур Дуровски, с.р.
Лена Секуловска, с.р
Скопје, 12.05.2006 г.  

.друго..


 

 
 
 
 

 

 
   
Web Administrator: igc