Амблем
Амблем
Official Web Presentation
 

 
 

Записник од одржаниот состанок на Комисијата за доделување на наградата „Климентова повелба" на 17.3.2004 година

                  

                  На состанокот беа присутни:

                   1. Данута Ананиева – НБ "Искра" – Кочани
                   2. Науме Георгиевски – МУБ "Св. Климент Охридски" – Битола
                   3. Ристо Стојанов – НБ "Страшо Пинџур" – Неготино
                   4. Наде Георгиева – МАНУ
                   5. Жаклина Ѓалевска – НУБ "Климент Охридски" – Скопје

                   На состанокот присутните едногласно се договорија за претседател на Комисијата да биде Науме Георгиевски од МУБ "Св. Климент Охридски" – Битола.
                   Во продолжение на состанокот се разгледа Правилникот за доделување на наградата "Климентова повелба" и се однесе одлука за распишување конкурс. Конкурсот ќе биде објавен во весникот "Дневник" на 22.3.2004 и ќе трае 30 дена од денот на објавувањето, заклучно со 20.4.2004 (ќе се прифатат сите документи чиј ден на испраќање е до 20.4.2003). Покрај објавувањето на Конкурсот, писмено ќе бидат известени сите народни библиотеки, кои ќе бидат задолжени да ги информираат сите библиотеки на нивната територија.

                   Услови за конкурирање за наградата се:

                   1. Право на предлагање кандидати за наградата "Климентова повелба имаат: библиотеките, Заедницата на народни библиотеки, членовите на БДМ и други сродни институции и организации.
                   2. За секој кандидат, учесник на Конкурсот покрај пријавата треба да се достави и:

                                      - кратка биографија;
                                      - преглед на професионалниот ангажман;
                                      - список на објавени стручни трудови;
                                      - писмени препораки од најмалку два виши библиотекара или библиотекарски                                          советници

                   3. Образложените предлози во затворен плик се доставуваат до Комисијата за доделување на наградата во уврден рок со конкурсните услови. Предлозите кои ќе пристигнат по истекот на предвидениот рок и некомплетните предлози нема да бидат разгледувани и ќе им бидат вратени на кандидатите.
                   4. Работата на Киомисијата е јавна. Заинтересираните кандидати имаат право на увид на сите документи кои се приложени на Конкурсот.
                   5. Учесниците на Конкурсот доколку имаат забелешеки на работата на Комисијата и се незадоволни од нејзините одлуки, во писмена форма треба да достават Приговор до ИО на Друштвото. Приговорите се доставуваат во рок од осум (8) дена од доставувањето на Одлуката.

Записничар, Ристо Стојанов

Претседател на Комисијата, Науме Георгиевски

Скопје,
17.3.2004

друго..


 

 
 
 
 

 

   
Web Administrator: igc