Амблем
Амблем
Official Web Presentation
 

 
 

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА
ЗА ПЕРИОДОТ Јуни 2006 год.- Декември 2007 год.

 

                     1. Организациски и финансиски прашања

                      Конституирањето на нов Извршен одбор и изборот на Претседател на БДМ значат отпочнување долга процедура на измени на судската регистрација на промената на потписниците, но и на банкарската (за внатрешен и надворешен промет). Покрај Претседателот, избран е и нов состав на Издавачкиот совет од 9 членови, согласно Статутот на БДМ, и Редакција на списанието "Библиотекарство".

                      Во делот за обезбедување финансиска поддршка на БДМ, во текот на извештајниот период направени се вкупно 9 проекти, сите упатени до Министерството за култура. Тоа значи дека, по оценка на БДМ, дејностите во нив се од национален карактер. Притоа, некои со континуирано одвивање, а некои и сосема нови.

                      За реализација во 2007 год. поднесени се проектите:

                     - Соработка и членување во меѓународни и национални асоцијации: ИФЛА и др. (традиционален),
                      - Одбележување Денот на книгата и авторските права и денот на библиотекарите на Македонија – 23 април. Организирање Државен натпревар "Млади библиотекари" (традиционален),
                      - Издавање стручно списание "Библиотекарство" (традиционален),
                      - Организирање на редовно собрание на Библиотекарско друштво на Македонија

                     За реализација во 2008 год. поднесени се проектите:

                      - Соработка и членување во меѓународни и национални асоцијации: ИФЛА и др. (традиционален),
                      - Одбележување Денот на книгата и авторските права и денот на библиотекарите на Македонија – 23 април. Организирање Државен натпревар "Млади библиотекари" (традиционален),
                      - Издавање стручно списание "Библиотекарство" (традиционален),
                      - Изборно собрание на БДМ. Единствениот библиографско-информациски систем на Република Македонија во услови на премин на народните (јавни) библиотеки во надлежност на локалната власт (тематски дел на Изборното собрание) (нов),
                      - Развој на нови информативни сервиси во народните библиотеки

                     

                      Извршниот одбор има организирано 5 седници, Издавачкиот совет - 1, а одржано е и едно годишно собрание.

                     
                      2. Издавачка дејност

                      Издавачката е една од најважните дејности на БДМ, особено што, првенствено, се манифестира низ единственото стручно списание во државата "Библиотекарство".Освен едукативна, тоа има и улога на документирање на настаните и развојот на библиотекарството кај нас.

Извршниот одбор на Библиотекарското друштво на Македонија реши списанието „Библиотекрство“ и во наредниот период да го задржи досегашниот технички изглед и дизајн. Извршниот одбор на Библиотекарското друштво на Македонија и покрај финансиските тешкотии, ќе направи сериозни напори со цел нашето списание да продолжи континуирано да излегува од печат и ја остварува својата незаменлива едукативна функција на библиотекрскиот кадар во Република Македонија

Редакцискиот одбор на списанието „Библиотекрство“ содржинската и тематската распределба ги подготви врз основа на анализата на содржината на пристигнатиот материјал.

Редакцискиот одбор на списанието „Библиотекрство“ најљубезно ги повикува сите заинтересирани автори од оваа област на плодна и активна соработка.

                     

 

                                                                          Библиотекарско друштво на Македонија
                                                                                                                                                     Претседател,
                                                                                                                                               Д-р Сузана Котовчевска

                    

други новости...

 


 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
   
Web Administrator: igc