Амблем
  Македонска верзија Македонски
  English version English
 
 
 


 

Н О В О С Т И

25.05.2009

Денес, 25.05.2009 г., г. Кирил Ангелов, претседател на БДМ, беше гостин во емисијата Боите на Македонија на Македонското радио, при што со новинарката, г-ѓа Јелена Стаменковиќ, беше разговарано за повеќе актуелни теми од областа на библиотекарството.

24.05. 2009

Библиотекарското друштво на Македонија доби благодарница по повод отворањето на новата зграда на НУБ “Св. Климент Охридски“ од истоимената библиотека поради соработката во овој проект од големо значење за македонското современо библиотекарство.

24.05. 2009

Наскоро фотографии од 36-тото Собрание на БДМ во Радовиш.

13.05.2009

Почитувани колеги, БДМ ве известува дека 36 Собрание ќе се одржи во Радовиш на 22 мај 2009 година со почеток во 11 часот. Во таа смисла, ве молиме вашето учество пријавете го кај секретарот на Друштвото, Елена Тевчева, на телефоните 070 375 373 и на 043 212 032, како и на електронската пошта tevcevaelena@yahoo.com. Го очекуваме вашето присуство!

повеќе

30.04.2009

Во рамките на БДМ, беше обновена секцијата на специјалните и библиотеките при високобразовните институции, чиј претседател е г-ѓа Наде Георгиева, раководител на библиотеката при МАНУ, а членови г-ѓа Ленче Даневска, раководител на Централната медицинска библиотека, како и г-ѓа Милена Бојаџиска, библиотекар на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. На оваа иницијална средба беа разгледани повеќе проблеми со кои се соочуваат библиотеките од овој тип, како и идеи за надминување на некои тековни состојби.

27.04.2009

Во организација на БДМ, децата од градинката “Калинка“ од Скопје беа во посета на библиотеката “Другарче“ - Скопје, при што се запознаа со работењето на библиотеката и станаа нејзини членови

повеќе

26.04.2009

На 22 мај 2009 (петок) со почеток во 11 часот во Радовиш ќе биде одржано 36-тото Собрание на БДМ. За програмата и за други детали ќе бидете навремено известени.

23.04.2009

Во НУБ “Св. Климент Охридски“ - Скопје беше одбележан Денот на книгата и на авторското право, при што беа прочитани повеќе пораки, а на посетителите им беа подарени книга и цвет.

10.04.2009

Во НУ - библиотека “Кочо Рацин“ - Тетово беше одржан состанок на Извршниот одбор на БДМ, на кој беа разгледувани тековните активности и беше донесена одлука за одржување на 36-тото Собрание на БДМ во Радовиш кон крајот на следниот месец

повеќе

04.04.2009

Наскоро нов број на списанието “Библиотекарство“

04.04.2009

На 10.04.2009 година Извршниот одбор на БДМ ќе одржи состанок во библиотеката “Кочо Рацин“, Тетово, со почеток во 11 часот

27.02.2009

На иницијатива на г-ѓа Ана Митева, наставник од Локарно-Тичино, Швајцарија, БДМ прифати соработка со цел отворање катче на македонски јазик во тамошната кантонална библиотека, но и во одредени училишта во Локарно. За таа цел БДМ ќе подари одреден број книги на споменатата библиотека.

27.02.2009

Посетата на НУ-библиотека “Григор Прличев“ од Охрид се одложува за во иднина од причина што во моментот нема конкретно решение и поддршка за проблемот што го има таа. БДМ останува на заложбите да се најде решение за споменатото прашање.

 

20.02.2008

Почитувани колеги, ве замолуваме сите вие што испративте текстови за најновиот број на списанието “Библиотекарство“, да доставите и кратко резиме на македонски и на англиски јазик во врска со нив на електронска пошта bdm@bdm.org.mk

18.02.2009

Комисија составена од претставници на БДМ, на НУБ “Св. Климент Охридски“-Скопје и на Министерството за култура, на 27.02.2009 година ќе ја посетат НУ-библиотека “Григор Прличев“ од Охрид заради утврдување на состојбата и условите во кои се наоѓа таа

16.02.2009

Одржан е состанок со претставници на USAID за можноста за соработка со оваа организација во автоматизацијата на училишните библиотеки. Соработката ќе продолжи и БДМ ќе поднесе предлог-проект до USAID за 2010 година

05.02.2009

Во контакт со PROHELVETIA договорено е по завршувањето на проектот на оваа организација, книгите од швајцарски и македонски издавачи да бидат подарени на основно училиште во Република Македонија

16.01.2009

Почитувани колеги,со задоволство ве известуваме дека Министерството за култура ги вклучи речиси сите проекти на Библиотекарското друштво на Македонија во својата Годишна програма за остварување национален интерес во културата во 2009. Веруваме дека оваа поддршка ќе значи многу во развивањето на библиотечната дејност во нашата држава и се надеваме на уште поплодна соработка во иднина. На сите колеги и соработници што ја дадоа својата поддршка за оваа активност, најсрдечно им благодариме!

Со почит, претседател на БДМ, Кирил Ангелов

14.01.2009

Почитувани колеги, ве известуваме дека е во тек прибирањето на текстови за најновиот број на списанието “Библиотекарство“. Ве молиме испратете ни ги вашите текстови најдоцна до 25.01. 2009 година, на електронска пошта kiril.angelov.mk@gmail.com или на bdm@bdm.org.mk.

08.12.2008

Патронен празник на НУБ "Св. Климент Охридски"

27.11.2008

Директорот на НУБ “Св. Климент Охридски“, г. Миле Бошески - добитник на годинашната награда “Св. Климент Охридски“

21.11.2008

Деветти натпревар „Млади библиотекари“

                    Извршниот одбор на БДМ на својата седница одржана на 20.10.2008 година, донесе одлука деветтиот натпревар „Млади библиотекари“ да биде одржан во библиотеката „Искра“ во Кочани. Натпреварот ќе почне во 12 часот во просториите на библиотеката. Библиотеките ќе добијат писмена информација за правилата и условите за учество на натпреварот. На веб-страницата на БДМ во делот Натпревари „Млади библиотекари“ е достапен прирачникот за подготовка на кандидатите.

        Срдечен поздрав,

        Извршен одбор на БДМ

повеќе

09.11.2008

Локална библиотека „Гоце Делчев„ - Велес

                     Во недела на 09.11.2008 година, свечено ќе биде предадена во употреба новата библиотека во Велес, која по реновирањето, е преселена во три пати поголеми, нови простории од 1000 квадратни метри, во која се сместени над 100000 примероци книги, медијатека, современа читална, детски и роднокраен оддел. Општина Велес ја отстапи на велешката библиотека зградата на поранешниот Пионерски дом.

повеќе

 

31.05.2008

Триесет и петто годишно изборно собрание на БДМ

                     На 22.05.2008 и 23.05.2008 година во Битола се се одржа триесет и петтото годишно изборно собрание на Библиотекарското друштво на Македонија. Записникот од собранието можете да го добиете на повеќе.

повеќе...

09.05.2008

Наскоро триесет и петто годишно изборно собрание на БДМ

                     На 22.05.2008 и 23.05.2008 година во Битола ќе се одржи триесет и петтото годишно изборно собрание на Библиотекарското друштво на Македонија. Програмата можете да ја добиете на повеќе.

повеќе...

12.04.2008

КОНКУРС

Конкурс за доделување на Наградата Климентова повелба 2008 год.

                     На 12.04.2008 год. во "Вечер" е распишан Конкурс за доделување на Наградата "Климентова повелба" 2008 год. која се доделува на секои две години на изборните собранија. Пријавувањето трае до 29.04.2008 год.

                     Согласно Правилникот за доделување на Наградата "Климентова повелба", Библиотекарското друштво на Македонија односно Комисијата за доделување на наградата, распишува

повеќе...

31.01.2008

Апел

БДМ ги повикува сите библиотеки во Р. Македонија да достават свои предлози и сугестии за измена и дополнување на законот за библиотеки

 

26.10.2007

Записник од VIII репблички натпревар млади библиотекари

На 26.10.2007 година во просториите на Народната библиотека „Феткин“ - Кавадарци се одржа осмиот републички натпревар на членовите на секциите и клубовите Млади библиотекари при народните библиотеки на Република Македонија

повеќе...

20.06.2007

Записник од 34-то Годишно собрание на БДМ одржано на 20.06.2007 година во просториите на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“- Прилеп

На почетокот на Собранието збор зеде директорката на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“- Прилеп Благица Илоска...

повеќе...

20.06.2007

Извештај за работа за периодот Јуни 2006 год. - Декември 2007 год.

Организациски и финансиски прашања, Издавачка дејност

повеќе...

25.07.2006

Извештај за работа за периодот Мај 2004 год. - Јуни 2006 год.

                     Проследувањето на ангажманот на Библиотекарсткото друштво на Македонија во одреден период едновремено е и временски преглед на реализацијата на целите заради кои е основана...

повеќе...

03.07.2006

Записник од 33.редовно собрание

                     Врз основа на член 23, став 1, алинеја 2 од Статутот на Библиотекарското друштво на Македонија, а согласно одлуката на Извршниот одбор од 31.05.2006...

повеќе...

10.06.2006

33. редовно собрание на БДМ

                     Собранието ќе се одржи на 15.06.2006 год. во Куманово, Дом на културата. Кон поканата на членовите на БДМ за учество, следи програмата за работа...

повеќе...

10.06.2006

Доделена Наградата "Климентова повелба" 2006 год.

 

                     Како на единствен добитник, Наградата "Климентова повелба" 2006 год. им е доделена на...

повеќе...

14.04.2006

Конкурс за доделување на наградата Климентова повелба 2006 год.

                     На 14.04.2006 год. во "Дневник" е распишан Конкурс за доделување на Наградата "Климентова повелба" 2006 год. која се доделува на секои две години на изборните собранија. Пријавувањето трае до 29.04.2006 год...

повеќе...

14.04.2006

Наскоро Изборно собрание на БДМ

                     Кон крајот на месец мај о.г. (евентуално, почетокот на јуни) ќе се одржи Изборно собрание на БДМ...

повеќе...

 

 


 

Климент Охридски
Св. Климент Охридски

Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“



 
IFLA 2009
 
   
Web Administrator: igc